-1.1 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Имал ли судир на интереси со издавачката куќа „Три“?

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Антикорупциска комисија ќе истражува дали поранешниот директор на Фондот за иновации и доскорешен потпретседател на СДСМ, Коста Петров, ги прекршил правилата и на издавачката куќа „Три“ ѝ доделил речиси 6 милиони денари, за кофинансирање на проект за едукација, пишува ТВ 24.

Претседателката на комисијата, Билјана Ивановска кусо ја потврди информацијата дека по анонимна пријава ДКСК отворила предмет против Петров. Сепак, вели таа, допрва ќе треба да се испита дали постои судир на интереси, со оглед на фактот дека оваа издавачка куќа ги печатела сите досегашни книги на Петров.

Петров пак, за ТВ 24 рекол дека ниту склучил договор со издавачката куќа „Три“, ниту донел одлука за нејзино финансирање.

– И да сум сакал, не сум можел – вели тој – затоа што носењето одлука за финансирање на проекти, воопшто не е во надлежност на директорот туку на Комитетот за одобрување на инвестиции.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов им се враќа на своите дипломатски должности во Северна Македонија

Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов им се враќа на своите дипломатски должности во Северна Македонија во полн капацитет, е известувањето кое денеска пристигнало...

Почина актерката Лиза Лоринг, која се прослави со улогата на Среда во култната серија „Семејството Адамс“

Актерката Лиза Лоринг, која се прослави со улогата на Среда во култната серија „Семејството Адамс“, почина во саботата на 28 јануари како последица од...

Загинаа 4 млади бразилски фудбалери

Автобус полн со млади фудбалери на фудбалскиот клуб Вила Мариа Хелена од Бразил се превртел во провалија од десетина метри. Според информациите на бразилските медиуми,...
spot_img
spot_img
spot_img