4.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Имало предупредувања дека рудникот е небезбеден, но турската влада ги игнорирала

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Рудникот за јаглен во Амасра во турската област Бартон, каде што 41 рудар загинаа по експлозијата во петокот, ќе биде затворен. Ова за Хаберлер го изјави турскиот министер за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез.

Тој истакна и дека пожарот во галеријата на длабочина од 300 метри продолжува да гори. Засилување во противпожарна опрема и екипи пристигнаа од соседните окрузи.

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг очекува што поскоро да се расветлат причините за експлозијата во рудникот. Петмина обвинители работат на неколку верзии, посочи министерот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека на семејствата на загинатите работници ќе им бидат исплатени по 1.350.000 турски лири (околу 75 илјади евра).

Претходно во денот голем број граѓани излегоа на протест во областа Кадикој во Истанбул откако властите во земјата прогласија крај на потрагата по преживеани во несреѓата во рудникот за јаглен во областа Амасра.

Истанбулските Сили за труд, мир и демократија“ обвинија дека причина за несреќата е невнимание. Тие тврдат дека за безбедноста на рудникот имало претходно предупредување, но сопственикот ги игнорирал и продолжил со работа. На ова, како што велат присутните на протестот, замижала и Владата и обвинуваат дека токму таквиот однос довел до големата катастрофа.

Во моментот на експлозијата на гас во рудникот имало 110 рудари. Од нив 41 лице загина, а останатите беа извлечени од спасувачките екипи.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Банките имаат долги списоци на одземен имот за продажба

Имоти на компании во стечај, производни погони, хотели, ресторани, машини опрема, станови, куќи, како и удели на поединци во компании, па се до кранови, маски и...

Ѝ испратил лажна банкарска сметка за уплата

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.Т.С.(21) од Велика Британија, правно лице од Велика Британија и A.A.A.(44) од Велика Британија, поради постоење основи на...

Како популарниот Чет-бот би го решил спорот меѓу Македонија и Бугарија?

Македонци ѝ поставија прашање на интернет платформата Чет-ГПТ(Chat GPT), оперирана од најсофистигирана програма за вештачка интелигенција, како да се реши спорот меѓу Бугарија и Македонија. ChatGPT (Chat...
spot_img
spot_img
spot_img