5.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Илјадници пациенти ќе бидат отпуштени од болниците во Англија

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Во најкритичниот зимски период досега, Националната здравствена служба на Англија (НХС) планира итно отпуштање илјадници пациенти од болниците и домовите за стари лица во следните неколку недели, во обид да ги ослободи потребните капацитети за други пациенти.

Националната здравствена служба, што обезбедува бесплатна медицинска нега, до неодамна беше гордост на Англија, но од минатата година е под притисок од пандемијата на коронавирусот и е погодена од недоволни инвестиции и чести штрајкови на медицинските работници незадоволни од ниските плати.

Некои пациенти се лекуваат во ходници и во амбулантни возила, други чекаат во редици надвор од болниците или итните служби, а болниците се обидуваат порано да ги отпуштат посериозните пациенти поради недостаток на персонал и кревети, јавија медиуми во Лондон.

Владата најави дека ќе обезбеди дополнителни 200 милиони фунти средства за здравствена заштита и подобрување на работните услови и уште 50 милиони фунти за подобрување на постоечките капацитети.

Во соопштението на владата не се наведува дали НХС во Шкотска, Велс и Северна Ирска, исто така, ќе инвестира повеќе во зголемување на капацитетот на болниците.

– НХС е под огромен притисок од ковид-19, сезонскиот грип и најавените штрајкови. Оваа зима претставува екстремен предизвик – нагласи Стив Баркли, британски министер за здравство.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Газдата на Фејсбук е на 21 место со „само“ 55 милијарди долари

На најновата листа на милијардери на Блумберг објавена денеска прв е Французинот Бернар Арно, сопственик на бројни познати брендови, меѓу кои и „Луј Витон“,...

Грција ја потврди смртта на воениот пилот чиј авион се урнал во морето

Грција ја потврди смртта на триесет и едногодишниот пилот Ефстатиос Цитлакидис, чиј борбен авион Ф-4 Фантом во понеделникот се урна во Јонското Море. Телото на...

Во Холандија е потврдено кравјото лудило

Холандските власти потврдија дека кравата што умрела на фарма во таа земја имала таканаречена кравјо луда, ретка невродегенеративна болест кај говедата која може да...
spot_img
spot_img
spot_img