7.9 C
Ohrid
Thursday, December 1, 2022

ИК на ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата за референдум

НАЈЧИТАНО

Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва сѐ уште заседава. На пресконференција пред седиштето на партијата генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски потврди дека едногласно била донесена одлука за спроведувањето на референдум во врска со Преговарачката рамка за преговорите со Европската Унија. Беше речено и дека партијата ќе започне широк процес на консултација и артикулација со сите општествени чинители и експертски сили во македонската јавноста во врска со тоа како е најдобро истиот процес да се заврши, па потоа ќе ја донесе одлуката.

Една од клучните работи ќе биде формулирањето на референдумското прашање.
Освен за референдумот на денешната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се дебатира и за општата политичката ситуација во Македонија.

– На површина излегоа сите лаги на Владата. Ветија и излажаа дека преговорите започнуваат веднаш, а преговорите започнаа само за Албанија – рече Сајкоски, додавајќи дека уште останува ветувањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека се против уставни промени.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО