24.7 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

Изостанаа најавите за идните дејствија на руската војска

НАЈЧИТАНО

Рускиот претседател Владимир Путин, ја изненади светска јавност со кусиот говор одржан по повод Денот на победата на „црвениот плоштад“ во Москва, а немаше ниту големи најави за во иднина, како што се очекуваше.

Но, според Би-Би-Си, во своето обраќање, лидерот на Кремљ повторно се обидел да ја оправда руската инвазија на Украина, велејќи дека НАТО и Украина создаваат неприфатлива закана на руските граници.

„Сепак, повеќето од светот и меѓународните тела како Обединетите нации ја сметаат Русија за агресор, а операцијата на Москва во Украина нелегална инвазија“, пишува Би-Би-Си.

 

Говорот на Путин беше краток. Тој рече дека Западот се подготвува за руска инвазија, додека Русија секогаш се борела за безбедноста на меѓународната заедница.

„Западот не сакаше да ја слуша Русија, тие имаа други планови“, рече Путин на парадата во Москва.

НАТО создаваше закана на нашите граници, додаде рускиот претседател.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО