2.1 C
Ohrid
Monday, November 28, 2022

Изненадувачки пресврт во сагата за Твитер и Илон Маск

НАЈЧИТАНО

Изненадувачки пресврт во сагата за Твитер и Илон Маск. Најбогатиот човек на светот се согласи да ја плати целата сума од 54,20 долари по акција за купување на оваа социјалната мрежа, односно по старите услови што тој ги постави, а компанијата му ги прифати пред да почне да се тужи со нив за фактот дека голем дел од профилите се наводно лажни профили на ботови, пишува ИФЛ Наука.

Маск претходно рече дека ќе се повлече доколку компанијата не го објави точниот процент на лажни профили. Сега трилионерот се повлече од ваквите барања.

– Ниту една од овие анализи досега, колку што можеме да кажеме, од далечина не го поддржа она што господинот Маск му го кажа на Твитер и му кажа на светот – изјави адвокатот на Твитер Бредли Вилсон пред судот, пренесува Ројтерс.

По веста дека Маск пак сака да го купи Твитер, неговите акции денеска пораснаа за неверојатни 22 отсто. Светските медиуми пишуваат дека работата веројатно е веќе завршена и дека социјалната мрежа ќе падне во рацете на Илон за 44 милијарди долари.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО