27.9 C
Ohrid
Tuesday, August 16, 2022

Изгоре куќа во Стар Дојран

НАЈЧИТАНО

Во пожар кој утрово зафати двокатна куќа во Стар Дојран, загина жена.

„Зафатена е кровната конструкција и еден спрат од куќата. Во пожарот има и една жртва“, известија од РЦУК Струмица.

„На 06.08.2022 во 07.20 часот во СВР Струмица било пријавено дека настанал пожар во куќа на улицата Маршал Тито во Стар Дојран. Пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица, по што во куќата било пронајдено починато женско лице. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција“, соопшти МВР.

Во интервенцијата учествуваат четворица пожарникари од Гевгелија, едно противпожарно моторно возило и четирворица доброволци од противпожарното друштво од Дојран со едно возило.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО