14.9 C
Ohrid
Thursday, September 29, 2022

Изгаснат е пожарот кај Раштански лозја

НАЈЧИТАНО

Нема активни пожари во земјава, а 12 се изгаснати во изминатото деноноќие, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Изгаснати се два пожара во општина Бутел и еден во општина Гази Баба. Десет пожарникари со три противпожарни возила синоќа од 18 до 21 часот го гаснеле пожарот на булевар Христијан Тодоровски – Карпош – Раштански лозја, каде гореше сува трева.
Пет пожарникари со едно противпожарно возило синоќа го гаснеле пожарот во општина Бутел, на улица Ферид Бајрам, каде горела сува трева.
Изгаснат е пожарот во близина на автопат Скопје- Велес, каде гореше сува трева и дрва.
ЦУК утрово информира дека се изгаснати пожарите во општините Градско, Ресен, Битола, Прилеп, Охрид, Гостивар  и два пожара во Куманово.
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО