28.9 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва го прифати предлогот на партискиот лидер Христијан Мицкоски и најави активна блокада на Собранието од 10 мај

НАЈЧИТАНО

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва го прифати предлогот на партискиот лидер Христијан Мицкоски и најави активна блокада на Собранието од 10 мај, соопшти потпретседателот Александар Николоски.

– Животот во национална катастрофа станува секојдневие, ваквиот чекор е реакција на акциите на власта, тоа ни дава обврска да одговориме на нив. На седницата на извршниот комитет донесовме заклучок за активна блокада на Собранието, што подразбира блокада на сите штетни закони што доаѓаат од СДСМ и од ДУИ. Блокадата ќе стапи на сила на 10 мај, а дотогаш ДУИ И СДСМ да размислат и да се отвори за дијалог и да прифатат лидерска средба. Топката е сега кај СДСМ и ДУИ, да седнеме на лидерска средба и да го дефинираме датумот за лидерска средба на којашто ќе се договориме за датум за предвремени избори и ќе ги отвориме најбитните сектори за кои ВМРО-ДПМНЕ понуди тимови. Тоа се секторите финансии, здравство, образование и секако меѓународните односи, европските интеграции и проблемот којшто Македонија го има со Бугарија – побара Николовски.

Тој рече дека блокадата е само почеток, прв во низата на чекори кои оваа партија ќе ги преземе доколку власта не прифати лидерска средба на која би се договорил датум за предвремени парламентарни избори.

– Оваа активна блокада ќе трае во континуитет се до договор за датум за парламентарни избори. Ова се првите чекори, а потоа ќе продолжиме да разговараме за идни чекори, при што сите опции се на располагање. Овојпат ќе одиме до крај, се до конечно менување на грдата реалност – изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој повика на мобилизација и активизам од граѓаните.

– Апелирам до јавноста да биде трпелива, затоа што ова е процес којшто ќе трае и процес коишто бара сеопшта мобилизација на што ги повикувам граѓаните. Процес во кои грешки не се дозволени и процес во кои е потребен активизам и политичка размисла на секои еден поединец коишто е добредојден –  рече Николовски.

Седницата на извршниот комитет на партијата продолжува, а Николовски најави дека вечерва ќе бидат донесени и други битни одлуки.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО