8.9 C
Ohrid
Wednesday, October 5, 2022

Извлечени дел од ранетите војници од „Азовстал“ кои се префрлени на руска страна

НАЈЧИТАНО

Повеќе од 250 украински борци излегоа од опколената челичарница „Азовстал“ во Мариупол по тајните преговори за нивна евакуација. Украинската војска избегнува да го користи зборот предавање, опишувајќи ја операцијата како обид да се спасат што е можно повеќе животи.

– Напорите да се вратат момците дома продолжуваат и тоа бара деликатност и време – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Педесет и тројца тешко ранети војници се префрлени во болница во Новоазовск, а 211 заминаа за Оленивка преку хуманитарен коридор. Двата града се наоѓаат на територија во Донбас што е под контрола на проруските бунтовници.

– За нивно враќање дома, ќе биде направена размена – изјавија од украинското министерство за одбрана, додавајќи дека се работи на извлекувањето на преостанатите бранители, чија точна бројка не е позната.

Зеленски додаде дека војниците биле евакуирани на територија под контрола на сепаратистите со цел да се спасат нивните животи по недели интензивни борби и гранатирања.

– На Украина ѝ се потребни живи украински херои. Тоа е нашиот принцип – изјави тој.

Руски извори проценуваат дека околу 2.200 луѓе биле заробени во подрумите на огромниот комплекс „Азовстал“. Неговата локација зафаќа 11 квадратни километри, а подземните делови се направени да издржат нуклеарен напад.

Според зборовите на заменик-министерот за одбрана на Украина, Ана Маљар и на Генералштабот на вооружените сили на Украина, оние што ќе се предадат ќе бидат разменети за руски воени заробеници заробени од Киев.

Сепак, условите за размена сѐ уште не се постигнати. Москва сè уште нема објавено јавни објави за размената.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО