1.8 C
Ohrid
Saturday, January 28, 2023

Извештајот од работната посета на Апелационен суд Скопје, Судскиот совет ќе ја разгледа в среда, на 427-та седница

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Извештајот од работната посета на Апелационен суд Скопје, Судскиот совет ќе ја разгледа в среда, на 427-та седница.

Работната посета треба да даде одговор за постапувањето на Апелација по предметите „Таргет-Тврдина”, „Трезор”, „Транспортер” и „Алфа” во смисла на почитување на законските рокови, преземените дејствија од страна на судијата и законитоста во одлучувањето во смисла на тоа дали учествувал судија кој што исполнил услови за старосна пензија.

Одлуката за работна посета, Судскиот совет ја донесе на итна седница на 19 декември минатата, година, по реакциите во јавноста, откако скопска Апелација ги уважи жалбите на обвинетите за предметот „Таргет-Тврдина” и го врати на повторно постапување пред Основниот кривичен суд Скопје случајот со масовното прислушување и уништување на опремата од УБК.

На дневен ред на 427-та седница на Судскиот совет, меѓу другото, се и разгледување на Извештај од работна посета на Апелационен суд Гостивар и утврдување на престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Близок соработник на Путин тврди дека исчезнатата јахта Ирина ВУ не е негова

Канцеларијата за односи со јавноста на Алишера Усманов во петокот извести дека Усманов не е сопственик на јахтата Ирина ВУ, која е под меѓународни...

Почина наградуваниот босански актер Саша Петровиќ, глумеше во „Луд, збунет, нормален“, „Аудиција“, „Ничија земја“…

Актерот Александар Саша Петровиќ почина на 62-годишна возраст, а режисерот Срѓан Вулетиќ ја соопшти тажната вест.На 62-годишна возраст почина актерот Александар Саша Петровиќ од...

Околу 2700 студенти ќе добијат покачување на стипендиите

Околу 2.700 студенти, корисници на стипендии од изминатите академски години, ќе добијат покачување на средствата, односно наместо досегашните 3.000 денари, овие студенти во иднина...
spot_img
spot_img
spot_img