18.2 C
Ohrid
Friday, July 1, 2022

Избркана славната манкенка која го окупираше хрватскиот остров

НАЈЧИТАНО

Шведската манекенка Изабела Виола Линдблом (30),  повеќе од еден месец престојуваше на ненаселениот остров Јаз кај Рогозница, Хрватска, мислејќи дека е нејзин, пишуваат хрватските медиуми.

Според последните информации, богатата манекенка го напуштила островот Јаз откако полицијата изнела решение да го напушти островот со сите нејзини работи во рок од 24 часа.

Изабела подоцна наводно била видена во автобус во Сплит.

Еден читател на „Јутарњи лист“ бил сведок на нејзиното екцесно однесување во автобусот. Тој тврди дека утрово околу 10 часот манекенката се качила во Трогир и дека на самиот влез во Сплит излегла целосно дезориентирана. Таа наводно се скарала со неколку патници, а вербално го нападнала и возачот, кој не знаел англиски јазик, па не можел да ѝ одговори на прашањата.

Светски познатата манекенка престојуваше повеќе од еден месец на ненаселениот остров Јаз кај Рогозница. Според претходен напис на „Шибенски портал“, Швеѓанката си умислила дека островот е нејзин. Таа ги растерала посетителите, а на островот населила и кокошки. Видно ослабена и запуштена, таа сама пловела на гумен чамец.

Таа наводно спиела во мрежа распната меѓу дрвјата.

„Нашиот општински управник излегуваше два-три пати на дојата за нередот што оваа жена го правеше на островот Јаз. Интервенираше и поморската полиција, која ѝ наплати казна и ѝ даде рок од 24 часа да го напушти островот. Не сме ја виделе во последните денови, па ќе одиме да провериме дали уште е таму. Поморската полиција повторно ќе спроведе истрага. Тие веќе си го завршија својот дел со тоа што ѝ издадоа решение со парична казна и рок за иселување од островот“, изјавила Анита Живковиќ, градоначалничка на Рогозница.

Претходно била обвинета за нанесување телесни повреди. Човек по име Адријано Гонзалес, во 2020 година поднел тужба против манекенката во судот во Лос Анџелес и сè уште чека да се реши случајот.

Линдблом е родена во 1991 година во Шведска, а една од првите модни ревии  ја носела во 2010 година. Таа се појави на насловната страница на „Votra Beauté“ Грција во јули 2012 година, а исто така се занимаваше и со моделство за брендови како „Comme Des Garcons“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО