5.9 C
Ohrid
Thursday, February 2, 2023

Избран нов судија за повторното судење за „Таргет-Тврдина“

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Повторената судска постапка пред Основниот кривичен суд Скопје за случајот „Титаник 2“ влезе во завршница. На судското рочиште во вторникот се слушнаа завршните зборови, а судијата Огнен Ставрев ќе објави датум за изрекување на пресудата.

Апелациониот суд во Скопје ја укина осудителната пресуда и го врати предметот на повтороно одлучување. Станува збор за случајот на наводно договарање за гласање за приговори во ДИК на локалните избори во 2013 година.

Според насоките на одлуката на Апелација, обвинителот го допрецизираше обвинителниот акт. Сега поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков се товари за примање награда за противзаконито влијание. Во првата пресуда Мијалков беше осуден за злоупотреба на службена должност, на казна затвор од 3 години.

Делото за кое сега се гони Мијалков застарува во април годинава, а по втората првостепена пресуда, тој повторно има право на жалба. Упатените велат дека шансите овој предмет да заврши со пресуда за Мијалков се само теоретски.

Во меѓувреме, по одлуката на Апелациониот суд за поништување на првостепената пресуда за случајот „Таргет-Тврдина“, во која за злоупотреба со нелегално прислушување и масовно прекршување на човекови права се обвинети екс директорот Сашо Мијалков, поранешната министерка Гордана Јанкуловска и поранешни вработени во УБК и МВР, новото судење во прв степен ќе го води

судијата Илија Трпков. Претходните судии не се веќе во судскиот оддел за гонење организиран криминал.

Трпков е судија кој ги водеше предметите „Организатори на 27 април“ во која беше обвинет и Трајко Вељаноски, „Плацеви на Водно“,„Ровер“ и други.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Тепачка меѓу власта и опозицијата во Српското Собрание, Вучиќ мртов ладен ги гледаше

Тотален хаос во српското Собрание следеше во попладневниот дел од расправата, кога пратениците од опозицијата, пред сѐ Двери и Заветник, се упатија кон претседателот...

Што го испишмани Бесими да го поништи покачувањето од 30 отсто?

Дали се во прашање законите или министерот за финансии и владата се повлекоа од најавата дека ќе им ги зголемат платите на вработените во...

РАБОТНА ПОСЕТА НА ХРВАТСКАТА АМБАСАДОРКА НА ОПШТИНА ОХРИД

Денес во работна посета на Општина Охрид, престојуваше амбасадорката на Република Хрватска во Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ. Во разговор со градоначалникот Пецаков, беа разгледани...
spot_img
spot_img
spot_img