1.8 C
Ohrid
Saturday, January 28, 2023

Избрани се членовите на раководните тела на Алијанса за Албанците на денешното, тековно централно собрание што се одржува во Куманово, но одлука за влез во Владата сè уште не е донесена

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Избрани се членовите на раководните тела на Алијанса за Албанците на денешното, тековно централно собрание што се одржува во Куманово, но одлука за влез во Владата сè уште не е донесена, соопшти претседателот на АА, Арбен Таравари. Партиските членови заминаа на пауза и ќе продолжат со разгледување на дневниот ред до попладневните часови.

Претседател на централното собрание е избран бившиот лидер на Алијасна, Зијадин Села, за генерален секретар е Кренар Лога, организациски секретар е Исен Шабани. Едно место оставено е за Тетово кое допрва ќе го избира претставникот од огранокот, наредната недела. Трите потпретседатели се Елми Азири, Илире Даути и Бујаре Абази.

Претседателот на АА, Таравари рече дека на состанокот ќе се разгледаат одредени правилници за функционирање на централното собрание, на ограноците, на подограноците.

– Сега продолжува, кратка пауза за членовите на централното собрание да ги прочитаат правилниците коишто се договорени меѓу нас, веќе се дебатирани. Меѓутоа уште еднаш пред да донесеме конечна одлука за функционирање и на централното и на ограноците и на централното претседателство, уште еднаш да ги разгледаат материјалите. За Владата ќе биде последна точка, каде прво ќе реферирам за тоа што, какви, средби сум имал, какви пораки имам од сите тие со коишто сум се сретнал, да дебатираме и да видиме каква одлука би донеле заедно – изјави Таравари.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Близок соработник на Путин тврди дека исчезнатата јахта Ирина ВУ не е негова

Канцеларијата за односи со јавноста на Алишера Усманов во петокот извести дека Усманов не е сопственик на јахтата Ирина ВУ, која е под меѓународни...

Почина наградуваниот босански актер Саша Петровиќ, глумеше во „Луд, збунет, нормален“, „Аудиција“, „Ничија земја“…

Актерот Александар Саша Петровиќ почина на 62-годишна возраст, а режисерот Срѓан Вулетиќ ја соопшти тажната вест.На 62-годишна возраст почина актерот Александар Саша Петровиќ од...

Околу 2700 студенти ќе добијат покачување на стипендиите

Околу 2.700 студенти, корисници на стипендии од изминатите академски години, ќе добијат покачување на средствата, односно наместо досегашните 3.000 денари, овие студенти во иднина...
spot_img
spot_img
spot_img