2.8 C
Ohrid
Friday, February 3, 2023

Избор на Фрајдеј Комуникации и Џентлмен Магазин

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Маестро Симон Трпчески е добитник на наградата „Маж на годината” за 2022 година, на официјалниот избор „Мажи на годината” во организација на Фрајдеј Комуникации и Џентлмен Магазин. 

Вчера се одржа гламурозната манифестација „Мажи на годината”, настан поддржан од Casinos Austria International Macedonia, по петти јубилеен пат во DoubleTree by Hilton- Скопје, со најголема посетеност досега. Во присуство на голем број претставници од бизнис секторот, јавниот живот, амбасадори и ексклузивниот гостин Петар Грашо. Беа избрани 13 најуспешни мажи, во 13 категории кои ја одбележале 2022 година. Според официјалниот избор на жири комисијата во чиј состав се членови од институции, новинари, претставници на бизнис секторот, режисери и стилисти, титулата „Маж на годината 2022″ ја понесе Маестро Симон Трпчески.

Симон Трпчески е еден од најафирмираните македонски изведувачи и најдобриот македонски пијанист на сите времиња, човек со беспрекорен стил во музичката индустрија.Тој ја доби и наградата за „Маж со најголем придонес во културата”.

Наградата „Маж со трајни вредности” ја доби Проф. Д-р Аце Миленковски, „Маж со најголем придонес во општеството” му припадна на Игор Гешовски -генералниот директор на Еко Логистик, наградата „Маж странец на годината” ја доби Амбасадорот на Јапонија, господинот Хиронори Савада, наградата „Маж со најдобар стил” ја доби Павле Камилоски. „Маж менаџер на годината” ја понесе Д-р Емил Угриновски, за наградата „Маж со најголем придонес во спортот” беше избран Калин Ивановски, генралниот директор на Тиго Фајнанс – Филип Димитровски ја доби наградата „Млад менаџер на годината”, додека Амар Салиу ја доби наградата „Менаџер на годината до 40 години”. Во категоријата „Маж на годината според социјалните медиуми” публиката го одбра Отец Оливер Петровски, најголемиот хуманист во Македонија за изминатава година.

На настанот кој традиционално се одржува во ноември во чест на месецот на машкото здравје наградата „Хедонист на годината” отиде во рацете на Илија Малинковски, а наградата „Маж на годината според организаторите”, ја доби легендарниот Игор Џамбазов.

Изборот „Мажи на годината” секоја година традиционално се одржува последната среда од ноември.

фото: МИА

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

МВР гарантира безбедно чествување на 4 февруари

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира, како што наведува, лагите изнесени на еден портал дека за безбедноста во сабота ќе се грижат и...

Даниел Поповиќ откри која е Џули од познатата песна

Музичарот Даниел Поповиќ ја претставуваше Југославија на Евровизија во 1983 година во Минхен со песната „Џули“. Освои високо четврто место и песната стана хит....

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...
spot_img
spot_img
spot_img