12.9 C
Ohrid
Friday, May 20, 2022

Зошто сме сами против артилерија, бродови и авиони?

НАЈЧИТАНО

Објавено е вознемирувачко видео од катакомбите на украинската челичарница „Азовстал“, на кое се гледаат повредените во рускиот напад.

Тие наведуваат дека бомбите истрелани од руската армија можат да ја пробијат бетонската одбранбена структура на болницата која се наоѓа во фабриката.

 

 

Украинските лидери мора да најдат начин да му помогнат на полкот што ја брани фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол, која е опкружена со руски сили, рече неговиот командант во емотивното обраќање.

– Го повикувам воено-политичкото раководство да преземе решителни чекори за да ја прекине блокадата или да ги евакуира сите оние кои се надеваат и веруваат во својата татковина – рече заменик-командантот Свјатослав Паламар во видеопораката.

Тој додаде дека борците се повеќе се прашуваат зошто Киев не ги исполнил своите ветувања. „Кој може да одговори на тоа: Зошто сме сами против артилерија, бродови и авиони?

Заедно со многубројните војници, во бункерите на фабриката има и околу 1.000 цивили.

Рускиот претседател Владимир Путин нареди целосна блокада на фабриката за челик. Москва го обвинува полк Азов во кој доминира националисти за воени злосторства, но не обезбеди никакви докази.

Москва тврди дека остатокот од уништениот пристаништен град Мариупол во југоисточна Украина е под руска контрола по неколкунеделни жестоки борби.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО