4.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Зошто е добро да го гушкате вашето дете често?

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Многу истражувања ги покажаа придобивките од гушкањето, особено кај децата на кои им е потребен допир за да се развијат, и емотивно и физички. Според порталот Parenting, постојат неколку важни причини зошто е добро редовно да ги гушкате децата. Пред се, прегратката е пресудна за развојот на детскиот мозок.

Имено, експертите објаснуваат дека на детето за нормален развој му се потребни многу различни сензорни стимулации.

Контактот кожа на кожа или физичкиот допир како што е гушкањето е една од најважните стимулации потребни за развој на здрав мозок, како и моторни вештини.

Во студијата, чии резултати беа објавени во списанието Genetic Psychology Monographs, истражувачите открија дека доенчињата кои биле прегрнати по 20 минути на ден во текот на десет недели имаат подобри резултати во проценките за развој од другите деца.

Освен тоа, гушкањето е важно и за физичкиот раст на детето.

Научниците откриле дека кога децата се лишени од физички контакт, и покрај нормалното внесување на хранливи материи, нивните тела престануваат да растат.

Факт е дека при гушкање, телото на детето го ослободува хормонот окситоцин, кој влијае на растот.

Благодарение на окситоцинот, покрај растот, децата се и поотпорни, помалку склони на настинки, воспаленија во организмот, а имаат и посилен имунитет.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Банките имаат долги списоци на одземен имот за продажба

Имоти на компании во стечај, производни погони, хотели, ресторани, машини опрема, станови, куќи, како и удели на поединци во компании, па се до кранови, маски и...

Ѝ испратил лажна банкарска сметка за уплата

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.Т.С.(21) од Велика Британија, правно лице од Велика Британија и A.A.A.(44) од Велика Британија, поради постоење основи на...

Како популарниот Чет-бот би го решил спорот меѓу Македонија и Бугарија?

Македонци ѝ поставија прашање на интернет платформата Чет-ГПТ(Chat GPT), оперирана од најсофистигирана програма за вештачка интелигенција, како да се реши спорот меѓу Бугарија и Македонија. ChatGPT (Chat...
spot_img
spot_img
spot_img