23.9 C
Ohrid
Monday, May 23, 2022

Знаци кои укажуваат на хипохондрија

НАЈЧИТАНО

Хипохондријата е нарушување кое се манифестира во прекумерна опседнатост со здравјето. Луѓето кои го имаат често се убедени дека имаат болест опасна по живот, иако лекарите не им дијагностицирале.

Кои се показателите за хипохондрија, пишува Aktivni.si, а пренесува City Magazine.

Вие го истражувате секој од вашите симптоми на интернет
Ова е нешто што повеќето луѓе го направиле барем еднаш во животот. Проблемот е ако ви стане навика и секогаш кога нешто ве боли или вашето тело изгледа поинаку, поминувате часови на интернет за да најдете решение, наместо веднаш да одите на лекар.

За секоја болка или мало чувство на нелагодност, убедени сте дека е смртоносна
Секој пат, на пример, кога ќе почувствувате болка во градите, мислите дека тоа е симптом на сериозна срцева болест, а секоја главоболка ве асоцира на мозочен удар. Ова не е здрав начин на размислување, бидејќи човекот се разболува безброј пати во текот на животот, а огромното мнозинство од овие болести не водат до најлошото сценарио.

Постојано сте загрижени дека ќе се разболите
Иако сте сосема здрави, постојано сте во страв дека во секој момент ќе заболите од некоја болест. Затоа сте постојано исплашени и претерано претпазливи. Грижете се каде одите, што правите и што јадете и пиете, сето тоа поради неосновано чувство дека ќе се разболите. Тоа чувство ве парализира и го ограничува вашиот потенцијал.

И покрај уверувањата на лекарите дека се е во ред со вас, сепак сте загрижени
Што и да ви каже докторот, сепак немате мир и искрено верувате дека сте болни, иако не сте добиле никаква дијагноза. Поради ова верување, често барате второ, а понекогаш и трето мислење од лекар и не жалите за парите што сте ги дале за овие услуги.

Доколку се што напишавме ви звучи познато и мислите дека сте хипохондрик, многу е важно да побарате стручна помош. Постојаното размислување за болести може да биде многу стресно, а на крајот, поради слабеењето на имунитетот поради анксиозност, може да доведе до појава на вистинска болест.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО