4.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците

spot_img
spot_img
spot_img
Се одржа 118-та седница на Влада: Второто полугодие ќе започне на 23 јануари, усвоен Акциски план за реализација на Националната стратегија за еднаквост и недискриминација за 2022-2026 година.
- Advertisement -

Владата на Република Северна Македонија денеска на 118-та редовна седница го разгледа и го усвои предлогот на Министерството за образование и наука, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на 18 јануари да започне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици, наведено е во владиното соопштение.

„Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците“, се вели во владиното соопштение.

На истата владина седница денеска беше разгледан и усвоен Акцискиот план за реализација и спроведување на Националната стратегија за еднаквост и недискриминација 2022-2026 година.

„Усвоениот Акциски план содржи временска рамка и финансиски импликации за реализација на Стратегијата до 2026 година. Националната стратегија е стратешки документ во националната политика за еднаквост и недискриминација, чија главна цел е обезбедување на концепирани решенија во реализацијата на правата на сите граѓани без дискриминација по било која основа“, наведено е во соопштението.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

ДОНЕСЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ВО СПОРТОТ ПО ЈАВНИТЕ ПОВИЦИ

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, денеска ги донесе решенијата за доделување на финасиски средства во областа на спортот, по претходно распишаните јавни повици: РЕШЕНИЕ...

Елитната нуклеарна подморница ја „крпеле“ со секундарен лепак!

На британска нуклеарна подморница, која се ремонтира веќе седум години, пронајдени се завртки закачени со суперлепак. Тоа откритие сериозно го „збеснa“ шефот на британското Министерство...

Постојат многу начини на кои пиеме кафе и тие зависат од нашиот личен избор, вкус, моментално расположение, време од денот…

Постојат многу начини на кои пиеме кафе и тие зависат од нашиот личен избор, вкус, моментално расположение, време од денот… Во него ставаме разни додатоци...
spot_img
spot_img
spot_img