9.9 C
Ohrid
Thursday, December 8, 2022

Земјата се обидува да ги реши барањата на Турција

НАЈЧИТАНО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Шведска презела важни чекори за исполнување на барањата на Турција за одобрување на членството на Стокхолм во Алијансата.

– Го поздравувам фактот што Шведска веќе почна да ја менува својата антитерористичка легислатива и дека ќе се погрижи правната рамка за извоз на оружје да го одразува идниот статус на членките на НАТО со нови обврски кон сојузниците, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со шведската премиерка Магдалена Андерсон.

Тој додаде дека ова се два важни чекори за решавање на загриженоста изразена од Турција.

Андерсон соопшти дека Шведска ги променила своите закони за тероризам и е во процес на дополнително заострување на регулативите.

– Од 1 јули ќе имаме уште посилно законодавство кога станува збор за борбата против тероризмот. Нема прашање колку силно шведските власти сакаат да се борат против тероризмот. Ние сме подготвени да придонесеме во борбата против тероризмот, додаде Андерсон.

Столтенберг нагласи дека целта е Шведска и Финска да влезат во НАТО „што е можно поскоро“ и дека е незамисливо сојузниците од НАТО да не ја бранат Шведска доколку биде нападната.

Шведска и Финска минатиот месец поднесоа барање да се приклучат на западната одбранбена алијанса како одговор на конфликтот во Украина.

Двете земји се соочија со противење од Турција, која ги обвини дека ги поддржуваат и засолнуваат курдските милитанти и другите групи што ги смета за терористи. с

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО