28.9 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

Зеленски: 120.000 цивили се блокирани во Мариупол и не можат да го напуштат градот

НАЈЧИТАНО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски попладнево даде изјава, откако Русија објави дека го освоила Мариупол, освен челичарницата Азовстал, која е опколена од руските сили.

Зеленски рече дека 120.000 цивили се блокирани во Мариупол и дека не можат да го напуштат градот.

Тој рече дека „Украина и ги понудила сите опции на Русија за да обезбеди безбедно минување на војниците и цивилите подалеку од Мариупол“, но дека се уште го чека одговорот на Русија.

Претходно, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека Москва го контролира поголемиот дел од Мариупол, но дека украинските војници се наоѓаат во подземни бункери во фабриката за челик Азовстал. Украина тврди дека со нив се и околу 1.000 цивили.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО