8.4 C
Ohrid
Tuesday, December 6, 2022

Зеленски со ветување дека ќе ја врати контролата на полуостровот

НАЈЧИТАНО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска вети дека ќе ја врати украинската контрола над полуостровот Крим со што, како што додаде, ќе се помогне повторно да се воспостави „светскиот ред и закон“.

На меѓународна конференција за Крим, Зеленски изјави дека враќањето на контролата над полуостровот, што Русија го зазеде и анектира во 2014 година, би било „најголем антивоен чекор“.

– Сè започна со Крим и ќе заврши со Крим – истакна Зеленски.

На самитот учествуваат претставници на околу 60 земји и меѓународни организации, вклучувајќи околу 40 претседатели и премиери.

Речисите сите учествуваа онлајн, освен полскиот претседател Анджеј Дуда, кој е во посета на Киев.

Дуда побара од светските лидери „да не затвораат очи пред руската агресија“.

Францускиот претседател Емануел Макрон, пак, побара од меѓународната заедница да не покаже ниту „слабост ниту дух на компромис“ кон Русија.

Макрон уште еднаш ја повика Русија да „ги запре непријателствата, да ги повлече силите од целата украинска територија и да избере дипломатија со цел повторно да има мир“.

На украинскиот претседател му рече дека „Франција и Европската унија, со бројните сојузници и пријатели на Украина, ќе направат сè што е потребно за да ја поддржат нивната борба“.

Украинскиот претседател посочи дека Русија го претворила Крим во „зона на еколошка катастрофа и воена отскочна даска за агресија“ и дека го користела за истрелување 750 крстосувачки ракети кон градови и села.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО