16 C
Ohrid
Tuesday, May 24, 2022

Зеленски порача дека е невозможно да се победи злото еднаш засекогаш

НАЈЧИТАНО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека речиси 200 места од украинското културно наследство биле погодени или уништени откако Русија на 24 февруари ја почна инвазијата врз неговата земја, пренесе ДПА.

– До 7 мај руската армија уништи или оштети речиси 200 места на културно наследство – рече Зеленски во ноќното видео обраќање до нацијата од Киев.

Меѓу нив е и музејот на украинскиот поет и филозоф Хрихориј Сковорода во регионот Харков, кој беше погоден со проектил претходната ноќ. Сковорода живеел од 1722-1794 година.

– За жал, злото има тенденција да се враќа кога луѓето не ги почитуваат правата на другите луѓе, го игнорираат законот и ја уништуваат културата. Токму ова ѝ се случи на руската држава. Затоа сега сите мораме да се браниме. Да ги браниме нашите луѓе, нашите градови, па дури и нашите музеи, кои стануваат мети за руски ракетни напади. Денеска и утре во светот ќе се одбележува победата над нацистите во Втората светска војна. Но, дејствијата на Русија треба да ја потсетат секоја држава и секој народ дека е невозможно да се победи злото еднаш засекогаш – посочи Зеленски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО