4.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Зеленски повика на внимателност „иако освен силни изјави не гледаме ништо друго“

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави д ка украинските вооружени сили мора да „бидат подготвени” на границата со Белорусија.

Неговата изјава уследи откако белоруското Министерство за одбрана минатата недела соопшти дека Москва и Минск го засилија заедничкото воено групирање во Белорусија преку испраќање на оружје, војници и специјализирана опрема.
– Разговаравме за заштитата на државната граница, за оперативната состојба на границата со Република Белорусија и за антисубверзивни мерки на овие простори. Освен силни изјави, не гледаме ништо силно, но сепак треба да бидеме подготвени на границата и во регионите – изјави Зеленски кој денеска е во посета на регионот Лавов – западна Украина.

Според западните аналитичари Русија се обидува да ја убеди Белорусија директно да влезе во војната, а Киев предупреди дека Москва би можела да се обиде да ја искористи Белорусија за да започне нова копнена инвазија врз Украина од северен правец.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

(ЕКСКЛУЗИВНО) Држи ли ЈО Охрид во Притвор невино лице за да се задоволи б’лгарската мегаломанија???

Христијан Пендик(ов), лице за еднократна употреба во б’лгарската мегаломанија, стана една од најозборуваните личности која служи за поткусурување на големобугарските аспирации кон Македонија. Но, што...

Покојниот крал на попот ќе го игра неговиот внук Џафар Џексон

Американскиот режисер Антоан Фуква го пронајде главниот актер за неговиот планиран филм за животот на поп ѕвездата Мајкл Џексон. Главната улога во филмот Мајкл...

Затворениците во САД ќе можат да си ја скратат казната со донирање органи

Затворениците во американската сојузна држава Масачусетс ќе можат да ги намалат затворските казни за најмалку два месеци доколку донираат коскена срж или органи. Доколку законот...
spot_img
spot_img
spot_img