5.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Зеленски објави нацрт на документот за безбедносните гаранции за Украина

НАЈЧИТАНО

Кабинетот на украинскиот претседател Владимир Зеленски објави во вторникот нацрт на документот за безбедносните гаранции за Украина, а Киев како гаранти ги нуди земјите од Европската унија, САД, Австралија, Велика Британија и Турција.

Документот под наслов „Киевски безбедносен договор“ е објавен во вторникот на веб-страницата на украинското претседателство. Како што е наведено, документот го претставиле шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак и поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен.

Се тврди и дека во подготовката на нацрт-договорот учествувале западни експерти, меѓу кои поранешни и сегашни политичари и стручњаци.

– Безбедносните гаранции треба да бидат афирмативни и јасно формулирани, тие ќе наведат низа обврски преземени од групата (земји) гаранти заедно со Украина. Тие треба да бидат обврзувачки врз основа на билатерални договори, но обединети во заеднички документ за стратешко партнерство наречен Киевски договор за безбедност – го цитираат агенциите објавениот украински нацрт.

За разлика од другите претходно предлози на истата тема, се забележува дека сега претставениот документ не предвидува ниту неутрален блоковски статус на Украина, ниту учество на Русија како еден од гарантите за безбедноста на соседната земја со која сега војува.

– Најсилната гаранција за безбедноста на Украина е нејзината способноста да се брани… Тоа бара долгорочни стабилни вложувања во воено-индустриската база на Украина, големи испораки на оружје и разузнавачка поддршка од сојузниците, интензивни мисии за обука и заеднички вежби под покровителство на ЕУ и НАТО – се наведува натаму во текстот.

Во нацртот на „обврзувачкиот договор“ се наведува дека договорот може да ги обедини „главната група сојузнички земји и Украина“, како да се вклучат дополнителни договори, како на пример, за снабдување на Украина со системи за противвоздушна и ракетна одбрана, за регионалната безбедност во Црното Морe…

– Таа група земји може да ги вклучува САД, Велика Британија, Канада, Полска, Италија, Германија, Франција, Австралија, Турција, како и земјите од северна Европа и Балтикот, од централна и источна Европа – се додава во документот.

Суштината е да се направи листа од воени, инфраструктурни, технички и информативни мерки, коишто ќе бидат итно применети од другите земји во случај на напад од трета страна врз Украина. Договорот, исто така, треба да предвидува и примена на „сеопфатен пакет санкции против земјата агресор“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО