15.9 C
Ohrid
Saturday, August 20, 2022

Зеленски нареди евакуација, на жителите им се заканува сигурна смрт

НАЈЧИТАНО

Украинската влада нареди задолжителна евакуација на Доњецк, источниот регион кој е сцена на жестоки борби со руските сили, изјави доцна синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во вечерното телевизиско обраќање до јавноста, Зеленски рече дека стотици илјади луѓе кои сѐ уште се во конфликтните зони во пошироката област на Донбас исто така мора да си заминат.

– Колку повеќе луѓе го напуштаат Доњецк сега, толку помалку луѓе руската армија ќе има да убие. Многумина одбиваат да заминат, но тоа сепак мора да се направи. Ако имате можност, ве молам разговарајте со оние кои сѐ уште се во конфликтните зони во Донбас. Ве молиме убедете ги дека мора да заминат – рече тој, додавајќи дека евакуираните ќе бидат обесштетени.

Вицепремиерката Ирина Верешчук изјави дека евакуацијата треба да се изврши пред почетокот на зимата бидејќи се уништени резервите на природен гас во тој регион, пренесоа украинските медиуми.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО