12.9 C
Ohrid
Friday, May 20, 2022

Зеленски: Мирот ќе дојде ако секој Украинец се бори против окупаторот

НАЈЧИТАНО

Украинската победа е неизбежна, но невозможно е да се предвиди кога војната ќе заврши, истакна украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање до јавноста доцна синоќа.

– Многу градови и заедници сè уште се под привремена контрола на руската војска. Но, не се сомневам дека е прашање на време кога ќе ја ослободиме нашата земја – подвлече украинскиот претседател.

Според Зеленски, нема едноставен одговор на прашањето кога Украинците ќе ги победат Русите. Победата и мирот, ќе дојдат побрзо, како што истакна, доколку секој Украинец се бори – нагласи тој.
– Кога ќе победиме, сите ќе го почувствуваат тоа. Кога ќе дојде мирот, сите ќе го видат. Но, за да дојде до тоа и да се случи побрзо, треба да не размислуваме за тоа кога и како ќе биде. Мораме секој ден да размислуваме околу тоа како да го направиме уште понеподнослив престојот на окупаторот во нашата земја – додаде Зеленски.

Украинскиот претседател смета дека „за Русија да бара мир, секој Украинец мора да се бори“.

– Тие мора да ја бранат слободата. Затоа што секој ден борба сега додава година мирен живот откако ќе заврши оваа војна – заклучи Зеленски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО