14.4 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Зеленски лично си постави задача да организира терористички напади на ослободените територии за да го спречи одржувањето на референдумот

НАЈЧИТАНО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски лично си постави задача да организира терористички напади на ослободените територии за да го спречи одржувањето на референдумот,  изјави Владимир Рогов, член на главниот совет на руската администрација во регионот Запорожје, пренесува Б92.

– Лица како Зеленски, (Алексеј) Данилов и други соучесници на бандата наркозависници и нацисти лично си поставија за задача на ниво на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина да организираат терористички напади токму во деновите на референдумот со цел да се го спречи тоа и да го покаже референдумот задушен во крв. Сигурен сум дека нема да успеат во ништо – изјави Рогов за Радио Русија.

Во Доњецк и во Луганската народна република, како и во регионите Херсон и Запорожје, денеска почнаа референдумите за обединување со Русија.

Жителите на регионот ќе можат да гласаат пет дена. Во првите четири дена од референдумот ќе се гласа во населени места и врз основа на пријави за гласање од дома, додека во последниот ден жителите од четири области ќе гласаат по изборни единици.

Изборни единици во некои региони на Русија се отворени за луѓето кои биле принудени да избегаат од овие четири региони во Украина.

До понеделник ќе се гласа на станбените адреси, а во вторник ќе бидат отворени 394 избирачки места за сите што ќе сакаат да гласаат.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО