16.9 C
Ohrid
Thursday, September 29, 2022

Зеленски им се обрати на британските политичари

НАЈЧИТАНО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска преку видео врска одржа говор пред британските политичари, јави Би-Би-Си.

Тој на пратениците во британскиот Парламент им кажа дека „им се обраќа како на граѓани, како претседател на голема земја, со сон“.

Тој ја спореди борбата на Украина против Русија со британските воени напори против нацистичка Германија во Втората светска војна.

– Не сакавте да ја изгубите земјата кога нацистите сакаа да ви ја земат. Моравте да се борите за Британија – рече Зеленски.

Тој кажа дека неговите луѓе покажале херојски напор против руските сили.

– Гранатирањето не нѐ скрши – кажа тој пред пратениците.

Украинскиот претседател порача дека ќе се бори до крај.

– Ќе продолжиме да се бориме за нашата земја без разлика на цената. Ќе се бориме во шумите, на полињата, на бреговите и на улиците. Украина нема да се откаже и нема да загубиме – рече Зеленски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО