9.1 C
Ohrid
Friday, December 9, 2022

Зеленски има своја идеја како треба да изгледаат санкциите за Москва

НАЈЧИТАНО

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска ја повика Европа да го одржи единството против војната во Русија и значително да ја ограничи цената на руската нафта. Тој изрази благодарност до колегите од Полска и од балтичките земји за нивните „сосема разумни предлози, да се ограничи цената на 30 долари за барел”.

– Тоа е многу подобра идеја – додаде украинскиот претседател.

Членките на ЕУ во средата не постигнаа договор за ограничување на цената на руската нафта, бидејќи земјите беа поделени по предлогот на групата Г7 – за утврдување горна граница на цената од 65 до 70 долари за барел.

Полска сака ограничувањето да биде 30 долари, тврдејќи дека со трошоците за руско производство проценети на околу 20 долари за барел, предлогот на Г-7 би овозможил преголем профит за Москва. Литванија и Естонија ја поддржуваат Полска.

– Намалувањето на цените е многу важно. Слушаме за (предлози за горно ниво на цената на барелот) 60 или 70 долари. Таквите зборови повеќе звучат како отстапка (кон Русија) – предупреди Зеленски.

Тој се осврна на единството меѓу сојузниците.

– Нема поделба, нема раскол меѓу Европејците и тоа мора да го зачуваме. Тоа е нашата мисија број еден оваа година – рече Зеленски во обраќањето преку видео-врска пред учесниците на конференција во Литванија.

– Европа си помага себеси. Не ѝ помага на Украина да ѝсе спротивстави на Русија, ова ѝпомага на Европа да се спротивстави на руската агресија”, додаде тој.

Голем дел од Украина остана без греење и струја по разорните воздушни напади на Русија врз нејзината електрична мрежа, а жителите на Киев се предупредени да се подготват за натамошни напади и да обезбедат резерви вода, храна, како и топла облека.

Економската војна меѓу Западот и Русија изгледа добива нови димензии. Всушност, Русите веќе потрошиле четвртина од својот буџет за да ја финансираат војската, истражува магазинот Форбс Украина. Русија од 24 февруари до денеска за војната во Украина потрошила 82 милијарди долари или четвртина од својот годишен буџет, пишува Форбс. Истовремено, земјата имала приходи од 340 милијарди долари.

Но, ако се додадат и други редовни трошоци за одбрана како и потенцијалните загуби кои Русија ги претрпе поради намалениот извоз на нафта и гас во европските земји, бидејќи приходите од федералниот буџет од извозот на енергија се намалуваат.
Русија пред почетокот на војната во Украина заработувала околу една милијарда долари дневно од извоз на енергетски производи, пишува „Гардијан”.
Зимата што доаѓа ќе биде тешка за Украина, но и за Русија. Некои аналитичари сметаат дека Русите немаат друга стратегија освен да гранатираат одозгора и да вршат лажни напади врз нуклеарни централи и инфраструктура во Украина за да го заплашуваат населението и така да ја добијат војната. Неодамна беше погодена зградата каде се чувало нуклеарното гориво во централата во Запорожје и беше избегната голема катастрофа.
Украинските нуклеарни централи треба да бидат прегледани од меѓународните набљудувачи, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), додека се зголемуваат грижите за несреќи поради постојаните руски воздушни напади, што целат кон енергетската инфраструктура на државата.

Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси информираше дека тим на неговата агенција ќе ги посети украинските објекти во Хмелницки и Ривне, како и во напуштениот објект во Чернобил. Се довршуваат подготовките и наскоро ќе пристигнат инспекторите, пренесе германската новинска агенција ДПА.

Најверојатно, инспекторите ќе се фокусираат на техничките системи и плановите за итни случаи во објектите.

Веќе има инспектори во нуклеарната централа Запорожје, област под руска контрола.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО