22.9 C
Ohrid
Tuesday, August 9, 2022

Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата: Oднесувањето на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер е одвратно

НАЈЧИТАНО

Претседателот на Украина Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата изјави дека однесувањето на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер е одвратно. Зеленски ја коментираше минатонеделната посета на Шредер на Москва, како и изјавата на поранешниот германски канцелар дека нема да се извинува поради пријателството со рускиот претседател Владимир Путин.

– Едноставно е одвратно кога поранешните лидери на големите држави со европски вредности ја поддржуваат Русија, која води војна против истите тие принципи – наведе Зеленски.

Во петчасовното интервју за Стерн и РТЛ, Шредер директно не ги коментираше размислувањата на Путин, но истакна дека по разговорот со Путин смета оти конфликтот со Русија може да се реши, но дека се потребни дополнителни преговори кои треба да ги водат Германија и Франција.

Тој додаде дека Западот треба да покаже поголемо разбирање кон „вистинските стравови на Русија, која се плаши од притисокот на непријателските земји“.

 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО