25.9 C
Ohrid
Wednesday, July 6, 2022

Зеленски апелира до Германија да го спаси главниот град на Украина

НАЈЧИТАНО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во денешното телевизиско обраќање до нацијата апелираше до Германија да го спаси главниот град Киев.

– Киев порано го нарекуваа „нов Берлин“, тоа се градови со сличен дух, отвореност, емоции, слобода, искреност на луѓето, клубови и забава – рече Зеленски, пренесува Си-Ен-Ен.

– Сега Киев е затворен. Тивко чека нови сирени за воздушен напад што ќе ги принуди луѓето да се засолнат – додаде украинскиот претседател.

Зеленски објави 20-секундна снимка од сирената за воздушен напад, изјавувајќи дека Украинците го слушаат тој звук „со часови, денови и недели“.

– Звукот на сирената е нешто со кое Украинците живеат, работат и се обидуваат да спијат. Тие ги лекуваат раните, раѓаат бебиња и умираат – додаде тој.

Зеленски додаде дека и Европа и особено Германците „имаат моќ“ да извршат притисок врз Русија, додавајќи дека без „вашата трговија, вашите компании и банки, Русија нема да има пари да ја финансира оваа војна“.

Украинскиот претседател ги повтори повиците на неговата земја за затворање на европските пристаништа за Русија, за откажување од руските извори на енергија и прекин на снабдувањето од Русија.

– Сигурен сум дека мирот е можен. Но, треба да работите за да го постигнете тоа. Секој од вас во Германија, во Европа. За Киев повторно да се вика нов Берлин, за нашите улици и плоштади да бидат безбедни како вашите – рече Зеленски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО