17.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Здравковски вели дека со ребалансот е планирана блокада на општините

НАЈЧИТАНО

Со ребалансот на буџетот нема никакво големи промени за подобрување, туку има намалување на индустријата и власта создава механизам за блокада на општините преку намалување на капитални дотации или финансирање за водовод и канализација, за после да може бара изговор и да вика дека општините не работат, бидејќи власта е свесна дека нема пари, изјави за „Отворено“ на ТВ24, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски.

Здравковски потенцираше дека проекциите кои ги гледаме на овој ребаланс на буџетот, наместо да ги намалат оние јазови кои ќе се створат, тие дополнително ги зголемуваат, а кога се работеше буџетот за 2022 година власта веќе знаеше дека ќе има криза затоа што Пендаровски изјави дека уште на 5 ноември знаел и ги информирал во владата за претстојната криза.

– Целите ги поставуваше актуелниот премиер кој тогаш беше заменик министер за финансии и тој не убедуваше дека буџетот е развоен и нема непродуктивни трошоци, а по само 5 и пол месеци да излезе и да каже дека ќе крати на непродуктивни трошоци. Така што не гледаме некакви промени освен интенции за намалување на индустријата и за блокирање на општините и сметам дека преку овој ребаланс власта ќе воведе механизам за блокада на општините за да може како изговор во наредните месеци да се кажува дека градоначалниците се неспособни и дека единиците за локална самоуправа не си ја работата, рече Здравковски.

Тој истакна дека власта е свесна дека нема пари и од самиот ребаланс се гледа дека се оди во одбрана на нешто што не е одбранливо, отколку да се направи реална проекција и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има поднесено амандмани за ребалансот да застане на страната на економијата.

Како политичка партија имаме поднесено 174 амандмани кои се направени и по барање на граѓаните, но и на коморите, синдикатите. Одговорноста е на пратениците и треба да имаме ефикасна расправа да ги согледаме фактите, да ги погледнеме барањата и да донесеме документ кој понатаму би го запрел ова темпо на инфлација и ќе застане на страната на економијата, изјави Здравковски.

Марија Ѓоргиевска од СДСМ во емисијата 24 анализа истакна дека расправата за ребалансот почна и смета дека по предвидувањата во почетокот на јули ќе биде донесен ребалансот, според предвидувањата.

– Се надевам на соодветен начин како што се очекува од Собранието. Многу е важно да бидеме ефикасни во расправата и сметам дека и позицијата со своите ставови за поддршка на политиките, сосодветно да ги одбранат, но и од страна на позицијата поголема оструктивност и издржани амандмани – рече Ѓоргиевска.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО