7.9 C
Ohrid
Wednesday, November 30, 2022

Зборовите на Ибрахимовиќ го доведоа Милан до победа, еве што им порача на соиграчите

НАЈЧИТАНО

Златан Ибрахимовиќ одржа говор во соблекувалната на Милан и на тој начин го инспирираше тимот да победи на натпреварот против Верона, изјави по натпреварот тренерот на Сан Сиро Стефано Пиоли, а потоа откри што им рекол Ибрахимовиќ на соиграчите.

„Знаевме дека нема утре, има само денес“, започна Пиоли, а потоа продолжи.

„Ибрахимовиќ рече нешто прекрасно: Сите се сеќаваат на играчите на Милан кои го освоија Скудетото или Лигата на шампионите, па ако сакаме да бидеме запаметени, имаме уште три натпревари.

Иако Ибрахимовиќ одигра само шест минути како замена, Пиоли вели дека имал клучна улога во соблекувалната, пренесува Goal.com.

Да потсетиме, Милан во неделата со 3-1 славеше на гостувањето кај Верона и со тоа направи нов, важен чекор кон титулата шампион на Италија.

Милан моментално е на првото место со вкупно 80 бодови, а го следи Интер со 78 бодови. До крајот на сезоната остануваат уште два натпревари: Милан на домашен терен ќе ја пречека Аталанта, а во последното коло ќе игра против Сасуоло.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО