16.2 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

За 1,5 отсто е намален бројот на работници во индустријата

НАЈЧИТАНО

Бројот на работниците во индустријата во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021, е помал за 1,5 отсто. Во периодот јануари – јуни годинава, пак, во споредба со првото полугодие лани намалуањето 1,9 отсто.

Според Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот „рударство и вадење на камен“ во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021 година, бележи опаѓање од 2,8 отсто, во секторот  „преработувачка индустрија“ опаѓање од 1,4 отсто, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ опаѓање од 1,2 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021 година, бележи опаѓање кај „енергија“ за 5,1 отсто и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 4,8 отсто, додека пораст бележи кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 0,2 отсто, „капитални производи“ за 2,5 отсто и „трајни производи за широка потрошувачка“ за 2,5 отсто.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО