-1.1 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

За ХПВ вакцината има релативно мал процент вакцинирани девојчиња од различни причини

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

За ХПВ вакцината има релативно мал процент вакцинирани девојчиња од различни причини. Оваа вакцина е една од најефикасните вакцини и има за цел да делува и да спречи развој на карцином на грло на матка, укажа проф. д-р Александра Грозданова, национален координатор за имунизација на денешниот брифинг поврзан со прашања околу набавка, чување и пристап до информации за вакцините, во организација на Македонскиот институт за медиуми и УНИЦЕФ.

– Карциномот на грлото на матка е еден од водечките кај женската популација на возраст од 15 до 45 години, а е втор по ред, веднаш по карциномот на дојка. Родителите ова сериозно треба да го имаат како информација со цел да донесат одлука дали ќе ги вакцинираат своите девојчиња или не, вели д-р Грозданова.

Таа додава дека согласно календарот за имунизација оваа вакцина се дава помеѓу девет и 12 години, а дополнително оние кои немаат примено вакцина до оваа возраст можат да ја примат до 15 години.

Причината зошто баш на оваа возраст е потребно девојчињата да ја примат вакцината, како што вели д-р Грозданова, е поради тоа што од имунолошки аспект е многу важно кога ќе се даде вакцината, но дополнително, оваа вакцина е асоцирана да се прими што е можно порано, односно пред девојките да стапат во сексуални односи.

– Оваа вакцина што во моментов е достапна кај нас е четиривалентна и заштитува од четирите најинвазивни серотипови, директно асоцирани со развој на рак на грло на матка. Има и нови вакцини со поголема валентност и очекувам во следните години да ги имаме и тие – рече д-р Грозданова.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Почина актерката Лиза Лоринг, која се прослави со улогата на Среда во култната серија „Семејството Адамс“

Актерката Лиза Лоринг, која се прослави со улогата на Среда во култната серија „Семејството Адамс“, почина во саботата на 28 јануари како последица од...

Загинаа 4 млади бразилски фудбалери

Автобус полн со млади фудбалери на фудбалскиот клуб Вила Мариа Хелена од Бразил се превртел во провалија од десетина метри. Според информациите на бразилските медиуми,...

Ѕвездата на серијата „Чувари на плажата“, Памела Андерсон, утре ќе ги претстави сите тајни од својот живот во серијата „Памела, љубовна приказна“

Ѕвездата на серијата „Чувари на плажата“, Памела Андерсон, утре ќе ги претстави сите тајни од својот живот во серијата „Памела, љубовна приказна“ (Pamela, A...
spot_img
spot_img
spot_img