1.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

За три години, 233 лица починале во болниците во Венецуела поради прекин на струја

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Најмалку 233 лица починаа во болниците во Венецуела поради прекини на електрична енергија, соопштија здравствените власти.

„Во текот на 2019 година, 17 лица починале поради прекини на струја, во 2020 година 75, а во 2021 година 141″, што е вкупно 233“, се вели во студијата на Националната академија за медицина.

Во студијата учествувале лекари од големи болници, а започната е во 2014 година поради различни здравствени проблеми како недостиг на лекови и прекини на вода и струја.

„Некои пациенти починаа во 2019 и 2020 година поради прекини на струја бидејќи им требаше респиратор или мораа да имаат итна операција, но лифтовите не работеа“, се вели во извештајот.

Според студијата, зголемувањето на бројот на смртни случаи во 2021 година е поврзано со пандемијата на коронавирус.

„Бидејќи ова е болест со респираторни проблеми, на најтешките пациенти им беше потребна постојана повеќедневна употреба на респиратори“, се додава во студијата.

Венецуела има постојани прекини на струја во последните десет години.

Претседателот Николас Мадуро обично ги припишува тие исчезнувања на саботажа, како и на меѓународни санкции.

Сепак, експертите сметаат дека енергетската криза во болниците е резултат на долгогодишно лошо менаџирање и недостаток на инвестиции.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Бразилка родила момче тешко повеќе од 7 килограми

Со 59 сантиметри и 7,3 килограми, Анџерсон е едно од најголемите бебиња родени во Бразил. Бразилката била бремена во 40 недела. За 27-годишната Клеидијан Сантос...

Неколку загинати во новото руско гранатирање на Херсон и Харков

Најмалку три лица загинаа во гранатирањето на Керсон. Руски проектили погодија и четирикатна станбена зграда во вториот по големина град во Украина, Харков. Најмалку три...

Историчар за нуклеарно оружје: „Веројатно, Путин веќе донел една глупава одлука“

Британскиот историчар Лоренс Фридман, кој ги проучува војната и дипломатијата, е специјализиран за меѓународни односи, надворешна политика и стратегија. Автор е на академски трудови...
spot_img
spot_img
spot_img