23.1 C
Ohrid
Saturday, August 20, 2022

За скоро пет, односно 4,9 пати се зголемени цените на производите во Туркије

НАЈЧИТАНО

За скоро пет, односно 4,9 пати се зголемени цените на производите во Туркије. Неверојатната инфлација од 78,62 проценти е највисока во земјата од 1998 година. Таа е и една од највисоките во светот, ако се земе дека инфлација во САД и во Европа е меѓу 10 и 20 отсто. Туркије и претходниот месец имала инфлација од 74 отсто.

Големиот раст на намирниците започнал во јуни.

„Според податоците на Заводот за статистика, цените што ги добиваат производителите за својата стока во јуни се зголемени за околу 138 отсто во споредба со цените пред една година! Во однос на претходниот месец, има зголемување за околу 6,8 отсто. Производните цени обично течат со временско задоцнување и делумно се вклучени во потрошувачките цените, “се наведува во соопштението.

Опозицијата ја обвинува владата дека ги крие бројките за инфлацијата и претпоставува дека стапката е значително повисока од објавената. Се смета дека централната банка на Туркије наместо да ги качува каматите, ги либерализираше економските мерки што ја зголемило инфлацијата. Спротивно на ова, Ердоган вели дека високите каматни стапки предизвикуваат инфлација.

Како што пишуваат тамошните медиуми, стапката на инфлација во Турција е поттикната од неколку фактори, како штос е се: слабата национална валута, лирата, која доведе до значителни зголемувања на цените, бидејќи стоките увезени во Турција стануваат поскапи како резултат на тоа.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО