1.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

За седум месеци од годинава извезени се стоки во вкупна вредност од 4 767 002 000 евра

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

За седум месеци од годинава извезени се  стоки во вкупна вредност од  4 767 002 000 евра, што претставува пораст од 19,3 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 912 713 000 евра, што е за 26,9 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули годинава изнесува 2 145 711 000 евра.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1.

Во увозот, пак, се најмногу застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари-јули годинава, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Потврдено обвинение за недозволено складирање на речиси 5 килограми злато и сребро

Судот на Босна и Херцеговина го потврди обвинението на Обвинителството на Босна и Херцеговина, кое го обвинува Драган Станковиќ дека како сопственик на деловната...

Од денес започнуваат интензивните преговори за формирање на ново владино мнозинство-„МИНИСТЕРСТВО ЗА БУРЕК“.

Арбен Таравари, новиот лидер на Алијанса за Албанците во Македонија, е јасен и гласен: „НЕ САКАМЕ МИНИСТЕРСТВО ЗА БУРЕК!“ Таравари со неговата АА влегува...

Стоилковски прашува дали мора да падне крв за да се реагира?

Стоилковски: Ново бегство од затворот „Скопје”, мора ли крв да падне како во Идризово за одговорност на Тупанчевски и Андов „Сокол”? Уште еден затвореник побегнал...
spot_img
spot_img
spot_img