23.9 C
Ohrid
Monday, May 23, 2022

За Николовски од ВМРО-ДПМНЕ полоноправното членство во ЕУ нема алтернатива

НАЈЧИТАНО

„Сметам дека за Македонија, членството во Европската Унија нема и не смее да има алтернатива, не смее да размислуваме на ниеден друг проект, освен на полноправно членство во Европската Унија. Затоа што тоа Македонија и Македонците и граѓаните на Македонија го заслужуваат. Во исто време, мора силно да се работи на борба со организираниот криминал корупција, воспоставување на функционален систем на владеење на правото и силни реформи, како и економско покренување на Македонија кои што ќе водат кон успешни преговори за членство со Европската Унија и членство во Европската Унија. Затоа што ако Македонија е стабилна и средена држава во која што има функционален систем на владеење на правото, има ниско или нема ниво на корупција и исто така има добра економија, европските земји ќе сакаат Македонија да е членка на Европската Унија“.

Ова е ставот на потпретседателот ва ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, за предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за две сојузувања во Европа, едното во рамките на ЕУ и второто во една поширока политичка европска заедница.

За ова се разговарало и на настанот кшто го организираат пријатели на Европа на 40 највлијателни личности под 40 години, што се одржал во последните три дена во Загреб. Таму НИколовски успеал во дискусиите да ја отвори и темата која што се однесува на европските интеграции на Македонија.

Потпретседсателот на ВМРО-ДПМНЕ е дециден дека за тоа е потребна промена на владата, брзи предвремени избори и една реформска Влада која што ќе е предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО