2.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

За неа велат дека е најгрдата жена на светот

НАЈЧИТАНО

Имено, Мери Ен Боуан беше наречена најгрдата жена на светот, но не можете ни да замислите што се крие во тоа лице. Нејзината животна приказна остава без здив, а тоа е многу повеќе од фотографија која кружи на социјалните мрежи.

Додека сите го коментираат нејзиниот изглед, веројатно не можат ни да замислат дека Мери Ен била многу убава девојка, се до моментот кога почнале да се манифестираат симптомите на акромегалија.

Имено, станува збор за хормонално нарушување кое настанува кога хипофизата произведува премногу хормон за раст по затворањето на плочите за раст. Овој здравствен проблем погодува три од 50.000 луѓе и најчесто ги погодува рацете и стапалата. Но, исто така може да ја зголеми големината на вилицата, носот и челото.

Мери е родена во 1874 година во семејство од средна класа. Таа беше единствената ќерка, а имаше дури седум браќа. Таа ја сакаше медицината, стана медицинска сестра во 1894 година. Девет години подоцна се омажи за Томас Беван и заедно добија четири деца.

Тие уживаа во семејната идила и среќа, додека Мери не почна да се соочува со тогаш сосема непозната болест. Таа имаше само 32 години, а нејзиниот сопруг бил цело време со неа.

Почнала да страда од ненормален раст и искривување на лицето, и слабеел видот и имала силни главоболки. Покрај сите горенаведени страдања, таа ја доживеала и ненадејната смрт на нејзиниот сопруг, при што била оставена на немилост на животот. Тој ненадејно умира во 1914 година од мозочен удар. За Мери-Ен дури тогаш почнуваат се повеќе проблеми.

фото: Притнскрин

Поради физичкиот изглед не можела да најде работа, а од очај се пријавила на натпреварот „Најгрда жена“ каде што победила. Поради своите деца, за да успее да ги нахрани, претрпела страшно понижување и потсмев.

Мери потоа беше поканета во циркусот Дримленд во Кони Ајленд во 1920 година, каде што работеше до нејзината смрт во 1933 година. На овој начин собрала доволно пари за да ги доведе своите четири деца на вистинскиот пат.

Оваа храбра жена треба да биде пример за сите дами, како се бори со сите животни проблеми и за своите деца!

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО