4.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

За Илон Маск форумот во Давос е сатанистички

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Милијардерот, бизнисмен и иноватор Илон Маск јасно стави до знаење дека не е обожавател на Светскиот економски форум, годишниот собир на светските лидери и извршни директори што се одржува во Давос, Швајцарија оваа недела. Маск, кој до крајот на 2022 година беше најбогатиот човек на светот, го сподели својот презир кон конференцијата во швајцарскиот град Давос,која беше започната во 1971 година од Клаус Шваб, во серија твитови во последните денови, вклучително и доведување во прашање самото нејзино постоење.

„Како е воопшто нешто важен Светски Економски Форум/Давос?“, праша Маск во еден твит одговарајќи на видеото од воведниот говор на Шваб на настанот во 2023 година. „Дали тие се обидуваат да бидат газда на Земјата!?“, продолжи тој.

Коментирајќи ги плановите на форумот во Давос да вклучи „Еколошки, социјални и управувачки критериуми“ или скратено ЕСГ, Маск на Твитер напиша дека „С“ во кратенката сигурно значи „сатанистички“.

Организаторите на Светскиот економски форум соопштија дека милијардерот Маск не е на списокот на гости за овогодинешниот собир во Давос, и покрај неговите тврдењата дека бил поканет, но не бил заинтересиран да оди на овој форум.
Портапролот на форумот Јан Зопф изјави дека Маск не добил покана оваа година и дека последната покана до него да дојде на форумот била испратена во 2015 година. Организаторите упатиле покани до Маск, како шеф на Тесла, да дојде на Форумот неколку пати во текот на 2010-тите, но тој никогаш не се регистрирал ниту присуствувал, рече Зопф.

Престижниот собир е критикуван за недостиг од конкретна акција како резултат на серија сесии и говори, додека самиот форум беше предмет на онлајн теории на заговор од оние кои веруваат дека состанокот се состои од елитна група која манипулира со глобалните настани за своја лична корист.

Маск, секако може да си дозволи да присуствува на Давос. Членовите на форумот плаќаат меѓу 120.000 и 850.000 швајцарски франци за годишна членарина, во зависност од нивото на поврзаност што сакаат да го имаат.

Над 600 извршни директори се очекува да присуствуваат на Давос оваа година, вклучително и директори од Вол Стрит како Џејми Димон од JPMorgan, Дејвид Соломон од Голдман Сакс и Џејмс Горман од Морган Стенли. Ќе бидат присутни над 50 светски лидери, вклучувајќи ги и оние на Шпанија, Јужна Кореја, Полска и Филипините.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Скандал на германската министерка Бербок, лани дала 300.000 евра државни пари за пудра, шминка и стајлинг!

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, дала огромни суми државни пари во текот на 2022 година за шминка и за фотограф, пишуваат...

Ердоган отсечно ја отфрли можноста да ја поддржи земјата во НАТО

Турција позитивно гледа на барањето на Финска за членство во НАТО, но не и на барањето на Шведска, изјави денеска турскиот претседател, Реџеп Таип...

Руските сили го опколија Бахмут и во моментов се водат борби за контрола врз автопатот кој води западно од Бахмут до Часив Јар

Руските сили го опколија Бахмут и во моментов се водат борби за контрола врз автопатот кој води западно од Бахмут до Часив Јар –...
spot_img
spot_img
spot_img