20.9 C
Ohrid
Tuesday, May 17, 2022

За изградбата на нов клинички нема да биде потребен закон

НАЈЧИТАНО

Министерот за здравство ќе го повлече од Собрание Законот за изградба на нов Клинички центар, дознава Сител.

Беким Сали не планира градењето на големиот комплекс да оди со законско решение. Инаку, овој предлог во законодавниот дом повеќе од 16 месеци е блокиран од опозициските пратеници кои доставија 2000 амандмани и не сакаат да кренат рака за 35 страници кои ќе ја чинат државата половина милијарда евра.

Според информациите веќе е формирана и работна група од 8 членови – по двајца претставници од 4 политички партии меѓу кои и опозицијата. Тие треба да најдат заедничко прифатливо решение за локацијата и изгледот на новиот комплекс во кој најверојатно ќе има и дополнителни содржини од тие што ги презентираше поранешниот министер за здравство.Покрај политичката ќе има и експертска група која во соработка со Катастар треба да ги усогласат сите работи за што поскоро да почне изградбата.

Како што веќе објави Сител, Веле Поле што беше избор на Венко Филипче е на трето место како локација каде треба да никне новиот комплекс. Фаворити се касарната Илинден и ГОБ 8-ми септември.

Во 2009-та тогашниот прв човек на здравствениот систем Бујар Османи прв официјално соопшти дека Владата планира изградба на нов клинички центар. Оттогаш до сега поминаа 13 години се сменија неколку министри но ниту еден не удри темели.

За разлика од кај нас и Белград и Ниш отворија нови центри кои чинат двојно помалку од парите предвидени за кај нас.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО