17.9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Захариева вели дека не може да натераат 26 земји да мислат како Бугарија

НАЈЧИТАНО

Таканаречениот „македонски јазик“ е преддокофициран бугарски литературен јазик. Ова е пишана регионална норма на една од шесте норми на бугарскиот јазик. Создаден е по 1945 година, вели екс-министерката за надворашни работио на Бугарија, Екатерина Захариева во нејзиното гостување во БНТ.

Таа тврди дека „нивните главни спорови со РСМ – за јазикот и за историската вистина“ ќе се решаваат согласно договореното. Захариева посочи дека не станува збор за признавање на македонскиот јазик од Бугарија, а јазичната формула веќе ја има во декларација од 1999 година, реафирмирана со договорот во 2017 година.

– Декларациите ќе бидат дел од целиот пакет. Не можеме да ги обврземе другите 26 земји во ЕУ да размислуваат како Бугарија, дека нема македонски јазик – вели Захариева.

Захариева, која е поранешен министер за надворешни работи во третиот кабинет на Бојко Борисов, смета дека бугарскиот интерес е заштитен.

– Се надевам дека малку ќе се смират страстите во Република Северна Македонија. Не малку, туку многу треба да се смират. Видовме што се случува таму, видовме голема тензија, видовме не само антибугарско , антиевропска, анти-НАТО реторика. Се вратија од реториката од пред 30 години. Не се чини дека сакаат да бидат членки на ЕУ, иако тоа беа протести организирани од партија која е во опозиција. Тоа и помогна на Бугарија, која отсекогаш велеше дека треба да се реформираат дури и за да започнат преговори, бидејќи ќе биде штетно за РСМ и за ЕУ ​​ако не направат адекватна проценка на минатото и не почнат да гледаат напред и не сакаат да се демократизираат – рече Захариева.

Според неа важно е протоколите и договорите на Договорот (за добрососедство меѓу Бугарија и РСМ) да бидат вклучени во преговарачката рамка. Да има гаранции за (бугарското потекло на) Гоце Делчев, за Илинден…

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО