7.9 C
Ohrid
Thursday, December 1, 2022

Захариева вели дека Македонците се жртви на југословенската пропаганда

НАЈЧИТАНО

„Зарем не мислите дека европските амбасадори во Скопје пред неколку дена не видоа како на трибините на нивниот стадион публиката ја исвиркува нашата химна и ги навредува нашите фудбалери. Видовте ли такво однесување во Разград кога бевме домаќини на нивната фудбалска репрезентација?“

Вака говореше Екатерина Захариева, поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија во интервју за БГНЕС. На прашањето дали во Брисел разбираат дека на македонзимот не му е местото во Европа Захариева е децидна:

– О да. Мора да сме наивни да мислиме дека Брисел не ја разбира нашата загриженост. Урсула фон дер Лајен тешко дека ќе заборави како ја пречекаа во парламентот на Северна Македонија – со плакати „Предавници на народот“, „Народот рече НЕ, свестете се“, „Јазикот е идентитет“, „Деца на Заевизмот, вие го враќате фашизмот – одговара таа.

Одамна антибугарскиот бран стана антиевропски
Во дел од интервјуто таа го едначи антибугарскиот сентимент, кој наводно го има во Македонија, со антиевропски, велејќи дека „знае кој има интерес Северна Македонија да не влезе во ЕУ“.

– Што е со францускиот претседател, што со комесарот за проширување? Одамна антибугарскиот бран стана антиевропски. Сите знаеме кој има интерес од ова, кој не сака Северна Македонија да влезе во Европската Унија и кој сака Балканот да остане нестабилен.

Македонците уште се жртви на југословенската пропаганда
Коментирајќи понатаму за исвиркувањето на бугарската химна, Захариева им порачува на македонските политичари, кои ги нарекува „политичарите во Скопје“ да се оттргнат од југословенската пропаганда.

– Едно мора да им биде јасно на политичарите во Скопје, Европската унија гарантира подобар живот за нивните граѓани и тие го сакаат токму тоа, но наместо да одат по патот на добрососедството, тие сѐ уште се жртви на комунистичката југословенска пропаганда на омраза кон Бугарија…

Македонија да ги отвори архивите
Во истата изјава Захариева се осврнува и на познатото барање на Софија да бидат отворени архивите на УДБА во Македонија за да се видат „жртвите на комунизмот“.

– Затоа сакаме оваа земја да ги отвори своите архиви на тајните служби, да се исчисти од поранешните комунистички полициски агенти во нејзините редови, да го отстрани јазикот на омраза од учебниците и медиумите. Никој не ги бира соседите, па затоа е смешно и одвратно да се живее вака – во омраза. А кој и да го поттикне тоа ќе биде најстрого казнет, ​​ако не сега, тогаш во историјата – се закани Захариева.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО