9.9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Затворениците од „Диво Насеље“ штрајкуваат со глад веќе седум дена

НАЈЧИТАНО

Затворениците од „Диво Насеље“ штрајкуваат со глад веќе седум дена, известува ТВ21. Тие бараат право на семејни посети и користење слободни викенди.

Пред два дена, Арсим Бајрами, кој во затворот „Шутка“ служи затворска казна за истиот случај, вели дека уште пред 19 месеци поднеле барање за правата што им следуваат според законот.

– Сакаме да им порачаме дека утре навршуваат цели 7 години. Во целосна изолација сме. Не ни е понудена можност за ресоцијализација и убедени сме дека доколку не ни помогнат гласот на народот и претставниците на меѓународната заедница акредитирани во земјава, тогаш ќе продолжат да ни ги негираат сите права, а ќе ни биде нарушено и здравјето – вели Бајрами.

Министерот за правда Никола Тупанчевски вели дека директорот на Управата за извршување на санкции се сретнал со осудениците и дека се работи во насока на запирање на штрајкот и позитивен одговор за поволностите што им следуваат.

Но, затворениците сѐ уште штрајкуваат со глад, а нивната здравствена состојба се влошува.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО