7.6 C
Ohrid
Wednesday, October 5, 2022

Заскитан куршум завршил во двор каде што имало деца, нема повредени

НАЈЧИТАНО

Летово немаше куќа или ресторан без свадба или друга семејна прослава, каде покрај музиката сите прослави беа придружени со пукотници или огномет.

Kуршум завршил во дворот на куќа во која во тој момент одмарале возрасни и деца. Во овој случај, куршумот не предизвикал смртни последици, но бил доволен да предизвика страв и тага кај членовите на ова семејство.

Граѓаните порачаа дека треба да се избегнува пукање на семејни прослави, особено во области со поголема густина на население.

– Ова е погрешно. Зошто да се пука? Ако нешто се случи, некој ќе се повреди или ќе заврши во куќа. Радоста се прави на друг начин, со тапани, музика или пејачи. Нема потреба за пукање – вели еден граѓанин.

– Мораме да се тргнеме од таа навика што не е наша. Во други времиња се пукало во планини, висорамнини, во ред. Но, сега луѓето мора да разберат дека живееме во земја каде има многу население, и може да имаме сериозни последици, тоа мора да престане – изјави друг граѓанин.

Од МВР за Алсат велат дека немаат точна бројка на овие случаи. Пријавите се однесуваат на повреди и материјална штета од заскитани куршуми.

МВР ги потсетува граѓаните дека освен пукање од огнено оружје, забрането е и пукање од пиротехнички средства.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО