17.9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Започнува Самитот на Отворен Балкан во Охрид

НАЈЧИТАНО

Денеска во Охрид, премиерот Димитар Ковачевски ќе ги пречека лидерите од регионот по повод Самитот на Отворен Балкан кој се одржува во хотел „Метропол“, Охрид.

Самитот на Отворен Балкан во Охрид, стартува на 8 јуни 2022 година (среда) со почеток во 10:00 часот, со официјални обраќања на премиерите на Северна Македонија Димитар Ковачевски, на Албанија Еди Рама, како и на претседателот на Србија Александар Вучиќ. Годинава на Самитот учествуваат и Црна Гора и Босна и Херцеговина. Во Охрид пристигнуваат и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, претседавачот со Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија, како и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи, кои исто така ќе имаат официјални обраќања. Видео порака ќе има заменикот помошник на државниот секретар на САД Габриел Ескобар.

По официјалните обраќања следат панел сесии за туризам и култура.

Првата панел сесија на тема: „Отворен Балкан отвора туризам“, стартува во 11:00 часот. Воведничар на сесијата за туризам ќе биде вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори Фатмир Битиќи, кој заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, како и со министерката за туризам и животна средина на Албанија Мирела Кумбаро Фурхи и министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Србија Татјана Матиќ ќе дискутираат за придобивките од иницијативата и мерките кои ќе се преземат за развој на туризмот на регионално ниво.

На сесијата присутни се претставниците на бизнис заедницата од земјата и регионот, а свои обраќања ќе имаат и претседателите на коморите Бранко Азески, претседател на Стопанска комора, Марко Чадеж, претседател на Стопанска комора Србија на Србија и Инес Мукостепа, претседател на Унијата на трговско-индустриски комори на Албанија.

Панел сесијата на тема „Отворен Балкан отвора култура”, стартува во 12:45 часот. Воведни зборови има вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, кој заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, со Елва Маргарити, министерка за култура на Албанија и Маја Гојковиќ, вицепремиерка и министерка за култура и информирање на Србија ќе дискутираат за важноста на културата во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.

По потпишувањето на меморандумите за соработка во четири клучни области, следи прес-конференција на лидерите во 14:30 часот. Секој од лидерите на прес-конференцијата ќе одговори по едно прашање од акредитираните медиуми, односно ќе бидат одговорени вкупно пет медиумски прашања.

Иницијативата „Отворен Балкан“ по сите основи на економската логика е позитивна, бидејќи креира поголем пазар на капитал, можности за размена, а тоа ќе предизвика зголемување на Бруто-домашниот производ на регионот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО