20.9 C
Ohrid
Sunday, October 2, 2022

Започна Парадата на гордоста, присутни се и политичари

НАЈЧИТАНО

Под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда.“ денеска во Скопје по трет пат се одржува Парадата на гордоста.

Непоимливо е во 21 век сè уште да сме сведоци на дискриминација само затоа што некој го живее животот според сопствена определба – сите ние сме луѓе и плаќаме еднакви даноци и имаме еднакви обврски, ред е да уживаме и еднакви прави во ова општество, порачаа учесниците на парадата попладнево од пред платото во паркот „Жена-борец“ во Скопје.

– Тука сме за сите наши блиски и далечни, за сите наши познати и непознати, кои што биле избркани од дома затоа што се геј. Кои што биле избркани од работа затоа што се транс. И кои што биле физички и психички малтретирани затоа што не влегуваат во тесните рамки на она што некој го нарекува нормално – изјави Ева, водителката на програмата на Скопје Прајд 2022.

Потребна е, нагласи таа, силна институционална заштита и брза реакција против секој облик на насилство, но и образовен систем што, како што рече, нема да не учи да се мразиме и срамиме од самите себе.

На политичарите им порачаа дека сите плаќаат даноци, а не само стрејт, туку и геј, и би и транс луѓето и од пред Собранието побараа еднаквост пред законот. Тие, исто така, ги повикаа да го стават на дневен ред и Законот за матична евиденција со кој ќе се регулираат назнаките на транс-родовите лица, но и да се размислува за исти права за оние кои живеат во истополови бракови.

Меѓу присутните кои дадоа поддршка на Скопје прајд 2022 беа и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

На социјалните мрежи пораки за поддршка упатија претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски.

Парадата на гордоста во Скопје се одржува во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија, а ќе заврши со културно-забавна програма на стадионот на АРМ во Градскиот парк.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО