8.9 C
Ohrid
Sunday, December 4, 2022

ЗАПОЧНА АКАДЕМСКАТА ГОДИНА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. АПОСТОЛ ПАВЛЕ ВО ОХРИД“

НАЈЧИТАНО

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков имаше поздравно обраќање по повод почетокот на новата академска година на Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле во Охрид. Преде ново запишаните студенти градоначалникот Пецаков, истакна:

– Дозволете ми да го изразам моето задоволство што денес сум меѓу Вас на почетокот на новата академска година. 

Почитувани идни студенти, денеска сте на животната крстосница,  ја преминувате линијата и од деца станувате академски граѓани на кои останува ова општество. Со оглед на тоа што живееме во дигитален Свет со многу предизвици во кој се е поврзано и една информација со брзина на светлината се пренесува од еден  до друг крај на Светот,сте направиле вистински избор што сте одлучиле да се запишете на  Универзитетот за информатички научи и технологии  „Св. Апостол и Павле“.

Вие ќе бидете идните мајстори на социјалните мрежи и сајбер заедницата, а можеби и главни креатори во делот на роботиката.

Во трка со времето , знаеме дека еден од пократките патишта да ги оствариме овие цели е да се фокусираме  на информациско- комуникациските технологии. Информациската технологија може да биде генератор на економскиот раст  во државата и средство  за  постигнување благосостојба во неа. Сите  држави кои постигнале заеднички раст  и успеале да скокнат десеттици места напред на светските ранг – листи на држави според богатство имаат едно нешто заедничко. Сите тие се напредни  корисници на информациско- комуникациските технологии.

 За  разлика од другите, кај информациските технологии  државата не мора да биде изумител  на нови технологии , не мора дури ни да биде произведувач, за да бележи економски раст. Доволно е да биде напреден корисник на информациската технологија.

Токму  Вие  драги студенти со избор на овој универзитет очекувам да бидете идните креатори на  нашето напредно македонско општество.

Затоа мили мои , впивајте знаења кои ќе ги практикувате во развојот на нашата татковина. Можеби одредена материја ќе треба да ја прочитате неколку пати пред да ја совладате, но правете го тоа со љубов. Вложувајте труд во стекнување знаење и верувајте дека тоа ќе ви се исплати во животот.  Можеби некој проблем пред да го решите ќе треба неколку пати да се обидете,  важно е да не се откажувате. Барајте помош тоа не е срамно туку е одраз на вашата зрелост и подготвеност да учите.

Ние пак, заедно со менаџерскиот тим  на универзитетот ќе работиме на подобрување на условите за Вашето високо образование, а како локална Власт ќе го поддржиме секој добар проект кој е во ваша и полза на општествениот раст и развој, за што имаме склучено и меморандум за соработка со оваа установа – рече градоначалникот Пецаков.

Општина Охрид има потпишано меморандум за соработка  со Универзитетот „Св. Апостол и Павле“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО